Наследникот на Боб Марли и Вили Нелсон по консумирање на марихуана, Снуп Дог, одлучил да пушти своја колекција производи со марихуана.
Производот на „West Coast OG Snoop Dogg“ веќе се продава во Колорадо, каде марихуаната е легална за купување.
Колекцијата содржи осум варијанти и го нуди најдобриот можен квалитет. Не сме сигурни каде точно се одгледува производот, но самиот рапер објаснува дека е лидер на фронтот, по легализирањето на марихуаната и се смета за господар на оваа билка.
Благодарение на знаењето и искуството, Снуп им гарантира на сите идни клиенти дека го избрал најдоброто на пазарот и сите ќе бидат среќни и задоволни.
Снуп очекува приходите од ова да бидат многу високи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.