| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ја продолжи за три месеци контролата на границите поради миграциската криза

kon

Германија ја продолжи до средината на февруари контролата на границите поради миграциската криза, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

– Со оглед на тоа дека нема никаква значителна промена во приливот на мигрантите, контролите на границите ќе бидат продолжени за три месеци- се вели во соопштението. Продолжувањето стапува во сила од утре, 14 ноември.

Германија воведе контрола на границите кон средината на септември. Прво мерката беше воведена за еден месец, а потоа беше продолжена на два пати за уште по еден месец.

Кон крајот на минатиот месец германското МВР ја предупреди Европската комисија дека планира да ја продолжи за три месеци контролата на границите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top