| четврток, 6 декември 2018 |

Ревијално претставување на хоровите од средните училишта по повод 13 ноември

Денеска, (13.11.), во 18 часот, ќе почне концерт, односно ревијалното претставување на хоровите, вокалните групи и оркестри од средните училишта на Град Скопје, што се одржува по повод ослободувањето на Скопје-13 Ноември, во Скопје Сити мол.

На ревијалниот концерт што ќе се одржи во Скопје Сити Мол ќе настапи Градскиот дувачки оркестар, хорот на Златно славејче со песната „Скопје радост ти ќе бидеш“ и хоровите на средните училишта на Град Скопје: Кочо Рацин, Никола Карев, Георги димитров, Марија Скодовска –Кири, Здравко Цветковски, Браќа Миладиновци, Панче Караѓозов и Васил Антевски-Дрен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top