Лидерите на Европската унија постигнаа согласност за доделување на 3 милијарди евра помош за Турција, за да може земјата да се справи со бегалскиот поток, објави „Волстрит журнал“, цитиран од агенциите.
На крајот на самитот во Малта, европските лидери изјавија дека се подготвени да и дадат на Турција 3 милијарди евра во наредните 2 години, за да може земјата да се справи со 2-та милиони бегалци на нејзина територија.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека, парите треба да им помогнат на сириските бегалци во Турција. Јункер изјави дека во оваа фаза се предвидени 500 милиони евра од буџетот на Централна Европа, но призна дека се уште треба да се разјаснат деталите за тоа како ќе бидат собрани останатите 2,5 милијарди евра од буџетите на останатите земји членки.
– Земјите членки ќе треба за две години да ги соберат останатите 2,5 милијарди евра. Тоа е тешко, но треба да се обезбеди потребната сума од 3 милијарди евра, додаде Јункер.
На средбата беше донесена одлука и за посебен самит меѓу лидерите на ЕУ и претседателот на Турција, Реџеп Ердоган. Според претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, оваа средба ќе се одржи на крајот на ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово