| четврток, 6 декември 2018 |

„Едем“ на програмата на „Француски кино-клуб“ во Кинотека на Македонија

Францускиот институт во Скопје организира проекцијата на филмот „Едем“ (2014 год.), в сабота, (14 ноември) 2015, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија. Филмот, во режија на Миа Хансен-Лов, со Феликс де Живри и Полин Етјен во главните улоги, се прикажува во рамките на редовниот француски кино-клуб во Кинотеката на Македонија.

Реномираниот неделник „Лезенрок“ за филмот на Хансен-Лов напиша дека „колку повеќе се навлегува во филмот, толку повеќе тој се продлабочува; колку повеќе главните ликови одат надолу, толку повеќе филмот се издигнува“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top