| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, полесно повредени осум лица

soobrakajki

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди, од кои шест се со материјална штета, а во шест со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и тројца пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Утре вечер поради концертот на естрадниот уметник Ѓорѓе Балашевиќ со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Од недела, 15 ноември до 15 март, во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во сообраќај на пат или се движат во населени места задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top