Ова го соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 отсто за млеко произведено на одгледувалишта со надморска височина поголема од 700 метри.
Барањата се поднесуваат до 30 април 2013 година во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство. Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.
Агенцијата воедно ги потсетува земјоделците за можноста да поднесат барање за помош за премии за осигурување за осигурано примарно земјоделско производство, за лозови и овошни насади до 10 хектари, за градинарски култури и тутун до 2 хектара, за житни култури до 20 хектари и за пчели до 100 пчелини семејства. Висината на поддршката е 60 проценти од трошокот на премијата за осигурување, а барањата се поднесуваат до 30 август во подрачните единици на Министерството за земјоделство, каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.