| четврток, 6 декември 2018 |

Кој не смее да јаде ѓумбир?

Поради своите антисептички својства, ѓумбирот одамна се користи за лекување разни здравствени проблеми. Генерално се смета за универзален природен лек бидејќи со неговите здравствени придобивки може да се излекуваат многу болести.

Ѓумбирот може да биде сериозна закана по здравјето кога се комбинира со антикоагуланси, бета-блокатори и медикаменти базирани на инсулин.

Сепак, третманот со ѓумбир не се препорачува за сите. Ако припаѓате на една од овие групи, треба да го избегнувате ѓумбирот:

 

Бремени жени
Ѓумбирот изобилува со моќни стимуланси, кои можат да предизвикаат предвремено породување. Бремените жени треба да го одбегнуваат по секоја цена, особено во последнитетри месеци од бременоста.

Луѓето што сакаат да ја зголемат својата тежина
Ѓумбирот е познато дека може да биде исклучително корисен за тие што се обидуваат да ослабат, бидејќи има способност да го забрзува согорувањето на мастите. Ако сакате да ја зголемите својата тежина, ѓумбирот може само да ви даде контраефект, па така подобро е да го избегнувате.

Лица со крвни нарушувања
Ѓумбирот ја подобрува циркулацијата, што обично е корисно, освен за тие што страдаат од крвни нарушувања како што е хемофилијата.

Луѓе што консумираат лекови за крвен притисок и дијабетес
Ѓумбирот може да влијае врз дејството на лековите, особено на антикоагуланси, бета-блокатори и лекови врз база на инсулин. Значи, ако сте на какви било лекови за висок крвенпритисок или дијабетес, мора да се држите настрана од ова растение, бидејќи има сериозен ризик тоа да го инхибира ефектот на вашите лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top