| четврток, 6 декември 2018 |

Над сто лица загинаа во борби за клучната воена база во Сирија

Најмалку 100 сириски војници и џихадисти се убиени во северна Сирија за време 24­часовните вооружени судири меѓу владините сили и припадници на групата Исламска држава, што започнаа вчера во раните утрински часови.

673903_sirija-foto-tanjug-ap_ff

Како што јавија сириските медиуми, за време на борбите, владините сили успеле да стигнат до клучната база на сириското Воено воздухопловство, која подолго време е под опсада на џихадистите од ИД.

Пробивањето на опасадата околу базата е најзначајната воена победа за сириската армија од почетокот со руската воздушна кампања во Сирија на 30 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top