Спортската хериоина која беше во фокусот на светската спортска јавност поради нејзиниот инвалидитет, Наташа Ковачевиќ по пауза од две години се врати на спротските терени. Таа доби дозвола за настап со протеза на левата нога.
Таа во тешка сообраќајна незгода патувајќи со својот тим Ѓер пред две години ја загуби левата потколеница, но не се предаде и најави враќање на спортските терени. По добивањето на протезата од француската кошаркарска федерација се врати на тренинзите, а имаше и деби за својот нов тим Црвена Звезда.
Ковачевиќ настапи во натпревар од српската лига против Студент од Ниш, уште еднаш докажувајќи дека со неверојатна храброст и позитивна енергија можат да се минат и најтешките пречки во животот и да се истрае во сонот, за исполнување на она што најмногу се посакува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.