| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци дека обувките не ви одговараат

обувки

Скоро да нема дама која барем еднаш во животот не поминала низ агонија кога купила прекрасни чевли за кои била убедена дека откако ќе ги “разгази“ ќе бидат удобни, но тоа никогаш не се случило.

Без разлика колку ви се допаѓаат и колку мислите дека се совршени за вас, ако не ви се таман и ви предизвикуваат константна болка едноставно не треба повеќе да ги носите.

Во прилог ви претставуваме неколку јасни знаци дека обувките не се добри за вас:

# Стапалото премногу ви лизга

Ова најчесто се случува со чевли кои имаат тенки каивчиња. Поентата е каишите да го држат стапалото така што тоа ќе лежи на ѓонот. Но кога падот е голем, а каишот преширок се случува стапалото да лизга, а прстите да излегуваат од работ на ѓонот. Тоа не е убава глетка.

Затоа обидете се да го решите проблемот со тоа што ќе ставите силиконски влошки под ножните прсти. Ако и понатаму проблемот се јавува време е да се збогувате со чевлите.

# Ве боли кога се движите

Ако после само еден час носење на штиклите чувствувате силна болка на стапалото под прстите тогаш овие обувки не ви одговараат.

Јасно е дека после цел ден поминат во штикли нозете ќе ве болат, но ако по кратко време тоа се случува, значи е дека висината е премногу голема за вас, а делот кај што се гази е премногу тврд.

# Постојани пликови

Нормално е новите чевли да ви направат пликови, но ако тоа се случува секој пат кога ќе ги облечете, тогаш проблемот е посериозен и обувките не ви одговараат. Или калапот е премал или обувките не се направени од квалитетен материјал.

# Лош баланс

Ако на вашите штикли постојано имате чувство дека немате рамнотежа, нозете ви се тресат или го виткате зглобот додека одите тоа е јасен знак дека треба да најдете нови штикли.

Проблемот најверојатно лежи во лошо позиционираната штикла која или се наоѓа премногу назад или не е добро фиксирана за обувката.

# Каивчињата се врежуваат во кожата

Обувки со каивчиња можат да изгледаат навистина секси и впечатливо. Но ако каивчињата ви се врежуваат во стапалото, тогаш тука нема ништо привлечно.

Ако не се прилагодат после неколку недели, тогаш овие обувки едноставно не се за вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top