| четврток, 6 декември 2018 |

Селена демантира дека има дечко!

 S

Само пред неколку дена се раширија гласини дека Селена Гомез има нов дечко и дека тоа е Семјуел Крос – пријател на нејзината другарка Џиџи Адид. Двајцата беа забележани да се држат за раце и да зборуваат нежно на вечера во центарот на Њујорк.

Пејачката сепак набрзина ги „погреба” шпекулациите и изјави категорично дека нема маж до себе.

– Излегувам малку на средби, но дефинитивно сум неврзана- отсече бринетата пред E!News.

Коментарот  излезе само неколку дена откако поранешниот дечко Џастин Бибер посочи дека има шанса во иднина повторно да се смири со Селена, бидејќи двајцата имале сериозна историја.

– Можеби? Имаме долга историја и е веројатно да се случи. Мислам дека и двајцата сме на едно патување во кое сакаме да дознаеме кои сме и откако тоа ќе го направиме, може да се смириме и да се претвориме во неверојатен тандем или пак таа ќе си најде одличен партнер, а јас исто така. Само сакам да биде среќна! – призна неодамна Бибер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top