Селена Гомез, очигледно, сѐ уште не може да ја прежали врската со Џастин Бибер. Ова го покажува и нејзината најнова песна „The heart wants what it wants“. Во видеото за песната, бринетата не запира да пее за пропадната врска, дури и навестува за тајно неверство. Повеќето фанови на Селена веднаш ја поврзаа песната со нејзиното поранешно момче Џастин Бибер, кој, дефинитивно, ја вртеше на малиот прст изневерувајќи ја со нејзини другарки. Во спотот Селена плаче речиси цело време и пее дека треба да се откаже од неименувано момче, но не го прави тоа.
– Чекав многу време да го споделам ова со вас! Еве ја и мојата нова песна, напишала пејачка на социјалните мрежи, промовирајќи ја песната во која раскажува за врската со Џастин.
Досега Џастин Бибер официјално не коментирал за новиот проект на поранешна девојка, како и фактот дека токму тој е нејзината муза за песната, а најверојатно и за видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.