Уличните музичари на град Скопје го напуштија градскиот плоштад и настапија во автобусите на ЈСП Скопје каде што направија едно пријатно изненадување за патниците настапувајќи со нивниот репертоар, кој вклучуваше и македонска музика.
Патниците без двоумење веднаш им се придружија на музичарите и секојдневната монотонија во автобусите се претвори во навистина весела и распеана атмосфера.
Во автобусите на ЈСП настапија две групи од кои едната е „Метаверсус“, која настапува со македонска и со странска рок и поп-музика, а другиот е „Сирин“ со својот ориентален стил и етнозвуци.
Овој проект е дел на програмата за култура на Град Скопје, а е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“.
Уличните музичари веќе неколку години настапуваат во централното градско подрачје и ги забавуваат минувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст