| четврток, 6 декември 2018 |

Улични музичари настапија во автобусите на ЈСП Скопје

Уличните музичари на град Скопје  го напуштија градскиот плоштад и настапија во автобусите на ЈСП Скопје каде што направија едно пријатно изненадување за патниците настапувајќи со нивниот репертоар, кој вклучуваше и македонска музика.

Патниците без двоумење веднаш им се придружија на музичарите и секојдневната монотонија во автобусите се претвори во навистина весела и распеана атмосфера.

muzicari_vo_jsp_1

Во автобусите на ЈСП настапија две групи од кои едната е „Метаверсус“, која настапува со македонска и со странска рок и поп-музика, а другиот е „Сирин“ со својот ориентален стил и етнозвуци.

Овој проект е дел на програмата за култура на Град Скопје, а е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“.

Уличните музичари веќе неколку години настапуваат во централното градско подрачје и ги забавуваат минувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top