| четврток, 6 декември 2018 |

Чарли Шин е актерот заразен со ХИВ?!

 царли

Странските портали пишуваа за голема холивудска ѕвезда што крие дека е ХИВ-позитивна, поради страв од тужбите, од страна на, исто така, познатите поранешни сексуални партнери. Се чини дека холивудскиот актер Чарли Шин е ХИВ-позитивен.

На листата на неговите поранешни партнерки има многу познати имиња, вклучувајќи и наградувана актерка, холивудска ѕвезда со контроверзно минато, ТВ-ѕвезда и позната моделка. Странските медиуми дознаваат дека, досега непознатиот ХИВ-позитивен актер таа тајна ја чува веќе неколку години.

Актерот најмногу се плаши од тужбите што можат да следат од страна на неговите поранешени славни партнерки, пишува „Радар онлајн“.

Изворите за американските таблоиди тврдат дека славниот актер не сака јавно да признае дека е ХИВ-позитивен, иако тоа многумина му го советувале. Се плаши, велат тие, дека тоа би значело крај на неговата кариера. Фактот дека е заразен со вирусот го споделил само со своите блиски пријатели.

– Тој сака да биде запаметен како актер, а не како некој кој е заразен со ХИВ – рече изворот.
Откако медиумите почнаа да пишуваат за актерот, многумина се обиделе да погодат кој е. Некои веруваат дека статијата, која првпат се појави на веб-сајтот „Радар онлајн“, се однесува на Чарли Шин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top