| четврток, 6 декември 2018 |

Американски шпиони: Навиваме за војна помеѓу ИСИС и Русија

Шест американски разузнавачки и воени официјални лица рекле дека се надеваат дека наводниот напад на ИСИС на рускиот авион ќе го натера Путин на акција.
Putin_ISIS
Во деновите после падот на рускиот авион, сè повеќе докази упатуваат дека за тоа е одговорна бомба на ИСИС, многу американски разузнавачи и припадници на безбедносните сили воопшто не стравуваат за кампањата на ИСИС за нови напади на патнички авиони, туку се прашуваат како овој напад би можел да го ослабне Владимир Путин и потенцијално да му помогне на САД.

Имено, откако Путин почна да ги бомбардира милитантите во Сирија, разузнавачите сметаа дека рускиот лидер направи голема стратегиска грешка поради која ќе ја ослабне војската и својата репутација и дека најверојатно ќе стане мета на исламските милитанти, кои во минатото организирале напади во Русија.

– Можеби сега ќе почнат да ги напаѓаат ИСИС, наместо да им помагаат, изјавил еден постар припадник на безбедносните служби мислејќи на напредокот на ИСИС во Алепо до кој делумно дојде бидејќи групата го искористи фактот што Русите ги нападнаа и другите бунтовници и милитанти, пишува “The Daily Beast”.

dzihadisti-thepicaproject-org-650x364

Во последниве години разузнавачките и безбедносни сили даваат сè од себе за да ја спречат Ал Каеда да внесе бомби во авиони, а се чини дека ИСИС успеа во тоа. Но, Вашингтон не е загрижен, бидејќи не станува збор за американски авион, а исто така напоменуваат дека обезбедувањето на аеродромот во Шарм Ел Шеик не е нивна одговорност.

Имено, тој аеродром е познат по слабото обезбедување, што е воедно и една од причините зошто американските власти не дозволуваат директни летови оттаму на американска територија. Покрај тоа, многумина веруваат дека поставувањето на бомба во рускиот авион била работа „од внатре“ т.е. дека некој од вработените на аеродромот бил вклучен во терористичкиот напад, пишува “The Daily Beast”.

– Акциите на Путин претставуваат ризик за него и неговата земја, изјавил еден американски разузнавач додавајќи и дека репутацијата на Путин моментално е под знак прашалник. Екстремистите би можеле да му се одмаздат за било какви потези, оставајќи зад себе, стотици, ако не и илјадници жртви.

Ако Путин докаже дека нападот на авионот бил напад на Русија, тој би можел да ги зголеми воздушните напади на милитантите на ИСИС, кои досега ги избегнуваше, и на тој начин би можел да привлече и други џихадисти во Сирија. Тоа би бил добар потег, сметаат Американците, затоа што е многу полесно да се борат со терористите на една, и тоа странска територија, наместо дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top