| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги намалите тегобите од прејадување?

Анасонот го ублажува дигестивните мачнини кои се јавуваат поради претеруање со храната, морското оравче го чисти црниот дроб, нането ја ублажува надуеноста, а каранфилчето – желбата за алкохол.

1-test-shto-otkriva-nachinot-na-koj-ja-jadete-vashata-pica-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk_

Нане

Празничните мачнини најчесто се проследени со надуеност поради претерување со храна и пијалак, најдобро решение за овие непријатни проблеми е нането. Оваа билка ги олеснува болките во стомакот и воспалението на дигестивниот тракт и го намалува чувството на глад. Тоа е најдобро да се пие како чај.

Жалфија

Освен што го подобрува расположението, жалфијата го зајакнува помнењето така што го поттикнува настанувањето на ацетилколинот што е неуротрансмитер задолжен за внимание и подобра меморија. Таа особено помага после бурно проведена ноќ. Идеална е како додаток на јадењата од тестенини и во супите, па може да биде вклучена во вашето празнично мени.

Цимет

Претерувањето со слатки, циметот го држи под контрола. Овој зачин богат е со антиоксиданси кои го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта и го намалуваат апетитот за јагленхидрати. Една лажичка на ден го намалува шеќерот а со тоа и ризикот од дијабетис.

Мајчина душица

Во зимскиот период постојат чести настинки кои го отежнуваат дишењето, тоа може да го ублажите со мајчина душица.Таа е вистински сојузник во борбата со бронхитисот и воспаление на синусите, делува на ширење на бронхиите и ги уништува бактериите. Го поттикнува варењето и им помага на луѓето кои имаат чир на желудник.

Каранфилче

Каранфилчето е богато со антиоксиданси и делува како благ антисептик. Нежено е во желудникот, го олеснува варењето и ги уништува бактериите. Според народното верување шмукањето на две каранфилчиња во уста без да се џвакаат или голтаат ја намалува желбата за алкохол. Одличен додаток е за слатки, но и зачинети сосови.

Анасон и морско оревче

Ако претерате со храна мачнините освен со нане можете да ги ублажат анасонот и морското оревче.Т ие ја намалуваат надуеноста, болките во стомакот и гадењето. Џвакање на анасон помага во отстранување на лошиот здив, а неговата предност е во тоа што е многу застапена во кулинарството. Морското оревче одлично е за детоксикација на црниот дроб кој на организмот многу му е потребен по празниците. Овие зачини се користат како додаток на ориз, тестенини, колачи и во житарки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top