| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија не учествува во трката за вооружување

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не учествува во трката за вооружување.

путин

– Русија нема намера никого да престигне, туку само мора да го надополни пропуштеното во 90-тите години, кога, поради лошата финансиска ситуација, први на удар се нашле вложувањата во армијата – истакна Путин.

Тој вчера нагласи дека Русија работи на ракетниот систем, кој ќе може да го пробие одбранбениот штит планиран од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top