| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е петок 13: Според суеверието, не треба да ги правите овие работи

Во кој било период од 400 години, 13 се паѓа во понеделник 685 пати, во вторник 685 пати, во среда 687, четврток 684, петок 688, сабота и недела се паѓа 687 пати. Едно е сигурно, секогаш има најмалку еден, а најмногу три петоци 13 секоја година.

Petok-13

Според нумеролозите бројката 13  „страда“ поради неговата позиција по 12. Има 12 месеци во годината, 12 Хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13 е картата на смртта.

Стравот од бројот 13 е силен и денес. Повеќе од 80 проценти од високите згради немаат 13. кат. Многу аеродроми ја пропуштаат 13. писта. Немалку хотели се без 13. или 13 број на соба. Во Формула 1 нема болид со број 13. Улиците во Фиренца немаат број 13, место тоа користат  12 и пол или 12а, кои  звучи помалку стресно.

Пресметано е дека на овој ден во САД бизнисмените губат меѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многу луѓе, едноставно, не одат на работа. Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ешвил, Северна Каролина, вели дека стравот од петок 13-ти измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци.

petok-13-legenda-02

Симптомите варираат од умерената тревога до тотална паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат за несреќни, е поверојатно да веруваат во суеверија поврзани со лошата среќа. Една четвртина од испитаниците го поврзуваат бројот 13 со лошата среќа. Токму оваа група луѓе е најверојатно да бидат вознемирени во денови како петок, 13.

friday-13th-600x399

Има луѓе кои се суеверни и веруваат дека ова е најбаксузниот ден во годината, па ги избегнуваат следните работи.

Не поминувајте под скали

Ова верување има корени од христијанството. Потпрената скала за ѕид формира триаголник, кој го симболизира Светото тројство. Баш од таа причина, суеверните луѓе никогаш не сакаат да го нарушат овој триаголник со поминување низ него.

Не истурајте сол

Некои тврдат дека Јуда истурил сол за време на последната вечера со Исус, иако никогаш нема да има цврсти докази за оваа теорија. Солта била многу скапа и редок зачин во средниот век, а се користела и во медицински цели. Лекарите исто така имале обичај, ако случајно ја истурат солта со која ги лечеле пациентите, веднаш да земат неколку зрна и да ги фрлат преку левото рамо за да ги погодат лошите духови кои ги предизвикувале болестите.

Не допирајте литмара

Убивањето на овој инсект носи лоша среќа затоа што според верувањата на христијаните таа ја претставува Дева Марија.

54263-61469

Кога зевате ставете ја раката на уста

Овој обичај ни го оставија предците кои некогаш верувале дека лошите духови може да влезат во нас додека зеваме, право низ устата.

Ако кажете нешто лошо, чукнете во дрво

Уште еден древен обичај. Предците сметале дека во дрвото живеат лоши духови, па чукањето ќе ги спречи да слушнат што точно зборуваат луѓето и така тоа нема да се оствари.

Внимавајте патот да не ви го пресече црна мачка

Многу луѓе веруваат дека црната мачка носу несреќа и дека доколку црна мачка ви претрча пред нозе и ви го пресече патот, а вие поминете, ќе ви се случи нешто страшно или  во најмала рака тој ден ќе ве бие некаков малер. Замислете како им е на суеверните ако тој ден е уште и петок 13?

petok13-640x360

Не ги прекрстувајте виљушката и ножот

На петок 13 никако не смеете да ги прекрстите виљушката и ножот за време или по јадењето, тврдат суеверните. Не само што е несоодветно, туку и ќе ви донесе лоша среќа затоа што Х симболизира тешки времиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top