Министерството за култура на Република Македонија за нов директор на Македонската опера и балет, го назначи Игор Дурловски.
Тој е наш познат оперски солист-бас и контра тенор- кој својата уметничка кариера ја започна на сцената на Македонската опера и балет, а ја продолжи со успех на меѓународните сцени.
Досегашниот директор на МОБ, Дејан Прошев, ја извршуваше функцијата во периодот од 24.12.2010 до 24.12.2014 и функцијата в.д. директор, до 09.11.2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.