Пратениците во Собранието ги изгласаа Оливер Спасовски и Фросина Ременски од СДСМ за нови министри во министерствата за внатрешни работи, односно труд и социјална политика.
Иако во одделни гласања, за нивниот избор гласаа по 101 пратеник, од присутни 110 пратеници, без ниеден воздржан или против. Спасовски и Ременски ја положија свечената заклетва.
Премиерот Никола Груевски образложувајќи го предлогот за избор на новите членови на Владата во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, рече дека очекува од нив посветена, одговорна работа согласно законите.
– Очекувам новите министри и заменици да бидат фокусирани на изборниот процес, согласно Договорот од јуни/јули, да не ги кочат започнатите проекти на Владата и да бидат посветени на решавање на проблемите на граѓаните на Република Македонија. Очекувам работење согласно законите и етичките и моралните норми, без злоупотреба на министерските функции во партиски цели – рече Груевски.
Изборот на Спасовски и Ременски е резултат на политичкиот договор за надминување на политичката криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер