| четврток, 6 декември 2018 |

Џејмс Мекавој и Даниел Редклиф во новиот „Франкенштајн“

Првиот филм за Франкенштајн и чудовиштето кое го создал тој е снимен во далечната 1910 година. Некои од подоцнежните филмски адаптации инспирирани од Франкенштајн донесоа нови ликови, како оној на Игор Штраус, помошникот на доктор Франкенштајн, кој го нема во романот на Мери Шели.

Режисерот Пол Мекгиган во новата филмска адаптација на култниот роман „Виктор Франкенштајн“ улогата на контроверзниот научник му ја додели на Џејмс Мекавој, а на неговиот надарен помошник на Даниел Редклиф. „Виктор Франкенштајн“ во нашите кина стигнува на 31 декември, а првпат досега приказната ќе биде раскажана од гледна точка на Игор.

Ексцентричниот научник Виктор Франкенштајн (Мекавој) и неговиот подеднакво исклучителен штитеник Игор Штраусман (Редклиф) ја споделуваат благородната визија – сакаат нивната заедничка научничка работа да му донесе добро на човештвото. Меѓутоа, Виктор оди предалеку во експериментите, а неговата опсесија ќе донесе застрашувачки последици. Само Игор ќе може да го врати својот пријател од работ на лудилото и да го спаси од неговата чудовиштна творба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top