| четврток, 6 декември 2018 |

Даријан Пејовски, режисер: Потребна е тврдоглавост за да се сними долгометражен филм

Уба­ви­на­та во кра­тки­от филм е што бр­гу се до­а­ѓа до ре­зул­та­тот, про­це­сот е по­кра­ток, сти­хи­ен. Дол­го­ме­траж­ни­от филм е долг, ис­цр­пу­вач­ки про­цес, кој ба­ра тр­пе­ние и истрај­ност. Мо­же­би „твр­дог­ла­вост” е ви­стин­ски­от збор, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ ре­жи­се­рот Пе­јов­ски со чиј­што де­би­тант­ски филм се отво­ра го­ди­наш­но­то из­да­ние на Фе­сти­ва­лот за европ­ски филм „Си­не­дејс“ во Скоп­је

„Три де­на во сеп­тем­ври“, де­би­тант­ски­от игран филм на Да­ри­јан Пе­јов­ски во про­дук­ци­ја на „Скоп­је филм сту­дио“, на 12 но­ем­ври ќе ја до­жи­вее ма­ке­дон­ска­та пре­ми­е­ра ка­ко филм од офи­ци­јал­на­та се­лек­ци­ја на го­ди­наш­но­то из­да­ние на Фе­сти­ва­лот на европ­ски филм „Си­не­дејс“. До­се­га фил­мот е при­ка­жан на 39. Филм­ски фе­сти­вал во Мон­тре­ал и на 51. Ин­тер­на­ци­о­на­лен филм­ски фе­сти­вал во Чи­ка­го, два го­ле­ми свет­ски фе­сти­ва­ла, а нај­а­ве­но е учес­тво на уште не­кол­ку фе­сти­ва­ли во Евро­па.

„Три де­на во сеп­тем­ври“ е пси­хо­ло­шки три­лер, во кој два­та глав­ни жен­ски ли­ка, пре­ку ме­ѓу­себ­ни­от од­нос ги раз­о­ткри­ва­ат сво­и­те тај­ни и тра­у­ми. Бе­гај­ќи од сво­е­то ми­на­то, Ма­ри­ка ја за­поз­на­ва Ја­на, ко­ја па­ту­ва кон ку­ќа­та од сво­е­то дет­ство, сме­сте­на во изо­ли­ран пла­нин­ски крај. Тоа е со­вр­ше­но за­сол­ни­ште за Ма­ри­ка, сѐ до­де­ка не се по­ја­ви ло­кал­ни­от по­ли­ца­ец Генц, кој ќе пот­тик­не сом­неж за ви­стин­ски­те на­ме­ри нa две­те же­ни.

Уло­ги­те ги тол­ку­ва­ат: Ире­на Ри­стиќ, Кам­ка То­ци­нов­ски, Адем Ка­ра­га, Ми­ли­ца Сто­ја­но­ва, Са­ла­е­тин Би­лал, Ки­рил Ко­ру­нов­ски, Але­ксан­дар Ми­киќ, Го­ран Три­фу­нов­ски, Фа­тос Кр­је­зиу, Мен­тор Зим­бе­рај, Бле­рим Че­ри­чи.

Сце­на­ри­о­то го на­пи­шаа Да­ри­јан Пе­јов­ски и Игор Ива­нов, ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја е Ди­мо По­пов, Але­ксан­дар Пе­јов­ски е ком­по­зи­тор на ори­ги­нал­на­та му­зи­ка, мон­та­жа­та е на Вла­ди­мир Пав­лов­ски, ди­зај­нот на зву­кот се на Игор По­пов­ски, сце­но­граф е Сне­жа­на По­ња­виќ – Му­ча, ко­сти­мо­гра­фи­ја­та е на Еми­ли­ја Ива­нов­ска – Ата­на­сов­ска, шмин­ка­та е на Си­мо­на Ри­стев­ска. Про­ду­цент на фил­мот е То­ми Сал­ков­ски.

Still 3 - Three Days in September

Ирена Ристиќ

 

„Три де­на во сеп­тем­ври“ е ко­про­дук­ци­ја ме­ѓу „Скоп­је филм сту­дио“ и „Ико­не сту­дио“ од Ко­со­во, а про­е­ктот бе­ше под­др­жан од Аген­ци­ја­та за филм на РМ и од Ко­сов­ски­от сни­ма­тел­ски цен­тар. Сни­ма­ње­то го по­мог­наа по­ве­ќе ин­сти­ту­ции од зем­ја­ва, со што овоз­мо­жи­ја не­го­во ус­пеш­но комп­ле­ти­ра­ње во сог­лас­ност со по­ста­ве­ни­те пла­но­ви.

Поч­ну­вај­ќи од 12 но­ем­ври, „Три де­на во сеп­тем­ври“ ќе се при­ка­жу­ва во рам­ки­те на ре­дов­ни­от ре­пер­то­ар на ки­на­та во Скоп­је и во гра­до­ви­те низ Ма­ке­до­ни­ја.

„Три де­на во сеп­тем­ври“ има­ше свет­ска пре­ми­е­ра на Фе­сти­ва­лот во Мон­тре­ал, а по­тоа се при­ка­жа и на Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от фе­сти­вал во Чи­ка­го. Тоа се два свет­ски фе­сти­ва­ла. Воз­бу­де­ни ли сте пред ма­ке­дон­ска­та пре­ми­е­ра на „Си­не­дејс“? Има­те ли тре­ма?

Still 2 - Three Days in September

Кам­ка То­ци­нов­ски

 

ПЕЈОВСКИ: Се­ка­ко де­ка имам. Ова е, се­пак, ма­ке­дон­ски филм и мно­гу е важ­но да ко­му­ни­ци­ра со до­маш­на­та пуб­ли­ка. При­е­мот во Мон­тре­ал и во Чи­ка­го бе­ше од­ли­чен, се на­де­вам де­ка ќе би­де та­ка и кај нас.

„Три де­на во сеп­тем­ври“ е Ваш де­би­тант­ски филм. Ве па­ме­ти­ме по кра­тки­те ос­тва­ру­ва­ња­та ка­ко „ 409и „Опе­ра“ од ом­ни­бу­сот „Скоп­је ре­микс“. Кол­ку бе­ше пре­диз­вик да се ра­бо­ти пр­ви­от дол­го­ме­тра­жен филм? Кол­ку е по­и­на­ков од кра­тка­та фор­ма?

ПЕЈОВСКИ: Раз­ли­ка­та е огром­на. Уба­ви­на­та во кра­тки­от филм е што бр­гу се до­а­ѓа до ре­зул­та­тот, про­це­сот е по­кра­ток, сти­хи­ен. Дол­го­ме­траж­ни­от филм е долг, ис­цр­пу­вач­ки про­цес, кој ба­ра тр­пе­ние и истрај­ност. Мо­же­би „твр­дог­ла­вост” е ви­стин­ски­от збор.

На­ја­ва­та за фил­мот е ка­мер­на при­каз­на, ко­ја низ суд­би­на­та на две же­ни збо­ру­ва за од­маз­да­та. Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за што се рас­ка­жу­ва во фил­мот?

Darijan Pejovski

Дарија Пејовски: Ста­ну­ва збор за филм што до­пи­ра до три­лер, жанр што не е својс­твен за на­ша­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја

 

ПЕЈОВСКИ: „Три де­на во сеп­тем­ври” е при­каз­на за две со­се­ма раз­лич­ни же­ни: Ед­на­та бе­га од ми­на­то­то, дру­га­та е на пат да се со­о­чи со сво­е­то. По игра на суд­би­на­та, при­си­ле­ни се да си по­мог­нат ед­на на дру­га и откри­вај­ќи ги сво­и­те тај­ни, сфа­ќа­ат де­ка, мо­же­би, и не се тол­ку раз­лич­ни. Ста­ну­ва збор за филм што до­пи­ра до три­лер, жанр што не е својс­твен за на­ша­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја, но сме­там де­ка ток­му по­ра­ди тоа ќе би­де осве­жу­ва­ње за на­ша­та пуб­ли­ка.

Уште на пр­ва­та кла­па на же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца во Дра­че­во нај­а­ви­те де­ка сце­на­ри­о­то за фил­мот е ра­бо­те­но со до­ктор по сце­на­ри­ја, а фил­мот е под­го­тву­ван три го­ди­ни. Кол­ку Ви по­мог­на ра­бо­та­та со до­кто­рот по сце­на­ри­ја?

ПЕЈОВСКИ: Врз ос­но­ва на еден мој кон­цепт, Игор Ива­нов и јас ја на­пи­шав­ме пр­ва­та вер­зи­ја на сце­на­ри­о­то пред три го­ди­ни и от­то­гаш до се­га, при­каз­на­та мно­гу со­зреа и се про­чи­сти. Ан­га­жи­ра­ње­то до­ктор по сце­на­ри­ја е ре­дов­на пра­кти­ка се­ка­де и, на не­кој на­чин, е со­ста­вен дел од про­це­сот на пи­шу­ва­ње. Во на­ши­от слу­чај, Франц Ро­ден­кир­хен бе­ше вклу­чен во фи­нал­на­та фа­за, ко­га ве­ќе ра­бо­тев­ме на фи­не­си­те. Пра­ктич­но, до­бив­ме ед­на „не­за­вис­на екс­пер­ти­за“ за тоа што сме го сра­бо­ти­ле и се­ка­ко де­ка по­мог­на во крај­ни­от ре­зул­тат.

Still 4 - Three Days in September

Ка­ква фе­сти­вал­ска ид­ни­на му пред­ви­ду­ва­те на „Три де­на во сеп­тем­ври“?

ПЕЈОВСКИ: Фил­мот до­се­га ве­ќе има учес­тво или по­ка­на за шест фе­сти­ва­ли, што е од­ли­чен по­че­ток. По Мон­тре­ал и Чи­ка­го, „Три де­на во сеп­тем­ври” е во офи­ци­јал­на кон­ку­рен­ци­ја во „Кот­бус“ и на на­ши­от „Си­не­дејс“. По­ка­нет е уште на два фе­сти­ва­ла во те­кот на но­ем­ври. Ако про­дол­жи ва­ка, ќе има­ме при­лич­но ус­пе­шен фе­сти­вал­ски жи­вот.

На кој сле­ден про­ект ра­бо­ти­те? Што е во план?

ПЕЈОВСКИ: Би са­кал што по­бр­гу да вле­зам во сле­ден про­ект. Ова искус­тво ми ја по­твр­ди љу­бо­вта кон фил­мот и ед­вај че­кам да сни­мам пак. Ве­ќе имам раз­ви­ен кон­цепт на кој ќе му се по­све­там вед­наш по пре­ми­е­ра­та.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top