| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен атентат на воената поморска база во Тулон

Дваесет и петгодишен жител на Тулон признал дека подготвувал атентат врз припадници на француската армија, соопштија повеќе француски медиуми.

tulon

 

Тој бил уапсен на 29 октомври и обвинет за подгтовување на терористичка акција на 2 ноември, но веста стана достапна за јавноста само вчера. Акцијата за негово апсење ја спроведе францската внатрешна безбедносна служба. Станува збор за лице на 25 години, следено веќе повеќе месеци од тајната полиција, откако во октомври и декември 2014 се обиде да замине во Сирија.

Неговото следење започнало поради неговата радикализација и поради јавната поддршка на џихадистичките тези. Лицето активно барало да се знабди со материјал „за да премине во насилна акција против морнарите на француската воена морнарица“, која во Тулон ја има една од најголемите воени бази, соопшти миниетрството за внатрешни работи на Франција.

Според „Фигаро“, лицето поставило на интернет и на Фејсбук пораки со поддршка за лицата кои се борат на страната на исламистите во сириско­ирачкиот конфликт во името на исламската држава. Истовремено тоа ги прекинало врските со неговото семејство. Полициските служби пресретнале пораки кои ги разменувал со француските џихадисти кои се во моментов во Сирија, а се подготвувал да купи и огнено оружје.

Апсењето се случило откако лицето нарачало по интернет од Кина борбен нож и маскирна капа. За време на распитот од полицијата признал дека подготвува атентат, но немал прецизен план. При притворот признал дека бил во контакт со Французин кој се наоѓа во Сирија на страна на исламската држава, тој му посоветувал да купи оружје.

Овој француски џихадист бил на времето уапсен, откако испратил закани против Шарли Ебдо во 2012 година.

Во средината на октомври, според француски извори во Сирија или Ирак се борат над 500 Французи, 250 се вратиле, 750 изразиле желба да заминат, додека 150 се мртви.

Според Министерството за внатрешни работи, француската контраразнувачка служба веќе првентивно уапсила 370 лица во рамките на борбата против тероризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top