| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците открија шокантен детаљ за луѓето кои имаат сини очи

Сите луѓе кои имаат сини очи се роднини.

очиии

Се проценува дека помеѓу 20 и 40 отсто Европејци имаат сини очи, но точната причина за сината боја на очите се уште не е позната. Научниците веруваат дека станува збор за генетска мутација и дека генот преживеал бидејќи луѓето со таа боја на очите се сметани за физички попривлечни, па имале повеќе можност да се множат.

522344_3874469909264_1504189195_33174095_1724733802_n

Бојата на очите ја одредува количината на пигментот во шареницата на окото. Многу пигмент значи кафеави очи, помалку пигмент  имаат луѓе со зелени очи, а малку или речиси без пигмент  имаат луѓето си сина боја на очите.

Дури 16 гени ја одредуваат бојата на очите, но двата се главни „ХЕРЦ2“ и „ОЦА2“, со тоа што „ХЕРЦ 2“ го активира „ОЦА2“, а овој потоа ги активира протеините кои произведуваат пигменти.

Ако еден од  овие два гени мутира и не ја извршува својата функција доаѓа до прекин на синџирната реакција и протеините не создаваат пигменти, а резултатот на тоа се сини очи.

musko

 

Секој има по два од секоја врста на гените во своето тело, по едно од таткото и од мајката. Ако еден родител има мутиран „ОЦА2“ ген, а кај другите сите се „нормални“ детето ќе има кафеави очи.

Ако двата родители имаат мутиран „ОЦА2“ , постојат дури 25 отсто шанси дека и детето ќе има сини очи. Теоретски, скриениот мутиран „ОЦА2“ може да се пренесува низ семејството со генерации, а никој да нема сини очи.

beba

Истражување спроведено на универзитет  во Копенхаген  проучувало ДНК  на луѓето со сини очи и открило дека 99,9 отсто од нив имале мутација на „ОЦА2“ генот.

Поради тоа научниците веруваат дека сите луѓе со сини очи потекнуваат од еден  заеднички предок, што значи дека сите всушност се роднини.

adriana-lima

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top