Мајли Сајрус не застанува да ја шокира јавноста со нејзините активности на Инстаграм, а со последната фотографија уште еднаш успеа да предизвика илјадници негативни коментари.
Тоа дека 22 годишната пејачка користи марихуана веќе го знаат и врапчињата на гранките, како и дека барем еднаш неделно споделува фотографија на која покажува како ја користи истата, но последната разгневи милиони кои почувствуваа потреба да и остават негативни коментари.
На фотографијата се гледа како Мајли користи таканаречен „пајп“ кој е во облик на шише од кое бебињата пијат млеко.
Треба ли воопшто да спомнеме дека Мајли ниту за оваа прилика не го извадила црното под ноктите?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.