Шпанската „песочна“ уметница Диди Родан, настапи во Кино Фросина, МКЦ, со својата премиерна изведба на перформансот во живо „Гнездо за тебе“.
Анимираниот филм на Родан „Песочна мајка“ беше во официјална конкуренција на минатогодишното фестивалско издание, а оваа година беше прикажан вон конкуренција.
„Оттука произлезе идејата да му обрнеме посебно внимание на филмот и авторката. Градоначалникот на Град Скопје покажа особено разбирање и одлучи да и додели Специјална награда на Родан, која работи со оваа уникатна техника, која е предизвик за многу уметници.“, вели Кузман Кузмановски, директор на Фестивалот.
Позната под прекарот „волшебни раце“, и „песочна волшебничка“, Диди Родан е прва и единствена жена уметник кој работи со оваа техника со песок во Шпанија. Станува збор за техника во која Диди комбинира неколку од своите уметнички интереси: театар, музика, и се разбира, цртање. Откако започнала да работи на овој начин, таа минува часови затворена во темна соба, обликувајќи ги ликовите од песок со кои создава невeројатни и фантастични приказни. Талент што произлегува од нејзините прсти во песочни форми, фасцинантни за секој набљудувач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура