| четврток, 6 декември 2018 |

ПМ честичките над дозволеното во Скопје, Битола, Кичево и Тетово

Во Скопје, Битола, Кичево и Тетово концентрациите на ПМ честичките и утрово се над дозволеното.

Skopje-zagadeno-126-740x320-top

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање регистрирале концентрација на 196 микрограми на метар кубен ПМ честички кај Ректоратот во Скопје, 110 во Тетово, 96 во Лисиче, 84 во Битола, 78 во Центар,  59 во Гази Баба, 53 во Карпош и 46 во Кичево.

Повисоки концентрации се регистрирани на овие мерни места во текот на изминатата ноќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top