Сојузниците на Турција во борбата против Исламска држава (ИД) се доближуваат до идејата за создавање безбедносна зона во Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој истакна дека е забележан позитивен развој по прашањето за забранета зона за летови и извршување на воздушни операции.
Ердоган, исто така, нагласи дека Турција нема да толерира зголемување на бројот на курдски борци западно од реката Ефрат. Анкара стравува дека тоа би можело да доведе до создавање курдски коридор во близина на јужната граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.