Пратеничката на Европскиот парламент и известувач за Србија во рамки на политичката група на Социјалистите и демократите, Тања Фајон денеска во врска со извештаите на Европската комисија за напредокот на Западен Балкан на патот кон ЕУ изјави дека политиката на проширување е силен мотор за спроведување на потребните реформи.
– Целосно се согласувам со принципот на ЕК, дека законот и основите права, кои се однесуваат на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и слободата на изразувањето, претставуваат темел за другите подрачја, економскиот напредок, поголеми странски вложувања и конкуретна деловна клима – нагласи таа.
Фајон наведе дека особен акцент се става на слободата на медиумите и функционалното судство, не само како основа за здрава демократија, туку и за економски напредно општество.
– Земјите мораат да направат повеќе во однос на примената на законот, посебно на полето на борбата против корупцијата – рече Фајон.
Таа нагласи дека бегалската криза имала двојно влијание врз земјите во регионот, бидејќи како прво ја покажала важноста од соработка меѓу Унијата и тие држави, а како второ укажала дека ситуацијата на Балканот е сè уште тензична.
– Апсолутно е јасно дека политиката на проширување на Унијата претставува силен мотор за примена на потребните реформи, посебно во светлото на бегалската криза, која доведе до влошување на односите меѓу соседите на Балканот поради големиот број бегалци, кои минуваат низ тие земји на патот за подобар живот – додаде таа.
– Унијата повеќе пати го изневерила Балканот и не може да дозволи тоа уште еднаш да се случи. Политиката на проширување, која е втемелена на квалитетот, а не само на брзиот напредок во тие земји, како и искрениот дијалог со ЕУ, претставуваат единствен пат, по кој треба да се оди – заклучи Фајон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бремените и хронично болните денеска и утре да не одат на работа
-
Македонија со осма препорака, но и втора условена: Хан денес ќе ги објави извештаите за напредокот
-
Македонија со осма препорака, но и втора условена: ЕК утре ќе ги објави извештаите за прогресот
-
МВР со препорака, одложување на фудбалските натпревари во Скопје