| четврток, 6 декември 2018 |

Холандски екстремнодесничарски лидер повикува државата да ги затвори вратите за бегалците

холан

Холандскиот пратеник Герт Вилдерс, претставник на екстремната десница, кој изразува антиисламски ставови и чиј рејтинг расте, изјави дека сака да бидат затворени границите на Холандија за да се спречи во државата да влезат илјадници бегалци. Тој го оквалификува бранот бегалци како „исламска инвазија“.

Неговата Партија на слободата е популарна повеќе од кога и да е во Холандија, две години пред парламентарните избори во државата.

– Единствен начин за управување со кризата со бегалците е да се најде нашиот национален суверенитет. Не повикувам на ништо неразумно. Повикувам Владата да ги затвори вратите на Холандија како што направи Унгарија да ги затвори вратите за оние кои сметаме дека се економски мигранти, а не бегалци- нагласи Вилдерс.

Минатата недела Холандија прими 1.800 бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top