| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Очекуваме прогрес во Македонија, по што и Брисел ќе треба да испорача нешто

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, на денешната прес­конференција во Европската комисија, повтори дека неформалната Влада на Европската унија издаде седма препорака по ред за Македонија да ги отвори преговорите за членство во ЕУ во годинешниот прогрес­извештај, но повтори дека е условена со целосно исполнување на договорот од Пржино, со се усвојување на „итните реформски мерки“ на ЕК.

хан

 

Според Хан, за препораката од ЕК целосно да се отвори, Комисијата очекува да види прогрес во Македонија, а потоа и Брисел ќе мора да испорача нешто. ­

– За препораката, ситуацијата е јасна. Имавме тешка и сериозна криза, сè уште не сме завршени, но имаме патоказ и во договорот од јуни/јули, многу работи, елементи се договорени кои треба да се исполнат и крајниот рок, последниот камен­темелник на сите овие активности се изборите на крајот на април следната година, кои треба да се одржат на фер, транспарентен начин и според европските стандарди, според манирот на меѓународните стандарди, посочи Хан.

Комесарот за преговори за проширување додаде дека сето ова треба да се подготви, како и други работи што треба да се сторат во Македонија. ­

– Сè е договорено, имаме приоритети за итни реформи и ние треба да видиме одреден прогрес во следните неколку месеци. Не може се да се исполни до крајот на април, но може многу да се стори. Ако се оди добро, а ова е ако сакате она што го нарекуваме морков и стап, ние сме подготвени да ја прегледаме и ако погледнете повторно на препораката, работите се направени така што треба повторно да има целосна препорака за да се отворат преговорите. Но, ако е ова случај, треба и ние како Европејци потоа да испорачаме – нагласува Јоханес Хан.

Висок извор од Еврокомисијата, за МИА потврди дека препораката од ЕК за Македонија е на маса и истата не е формално повлечена, ниту како било е повлечена од маса. Како и да е, според него, а тоа го потврди и комесарот Хан, истата е условена со имплементација на политичкиот договор што лидерите го постигнаа последните месеци со пододршка на Европската унија и со реформските приоритети. ­

– Како Комисија ќе се навратиме на прашањето пролетта по изборите, кога овие услови ќе бидат исполнети, па ќе излеземе со друга анализа која може во различни форми да биде направена, а наменета за земјите­членки на Унијата. Ќе повторам, препораката не е повлечена, условена е и ќе се вратиме на ова прашање по изборите во Македонија, потврдува високиот извор од ЕК за МИА – кој инсистира на анонимност.

Комесарот Хан, пак, на прес­конференцијата го повтори истото што им го претстави претходно и на европратениците, а тоа е дека Македонија е релативно на добро ниво на легислативна усогласеност со европското законодавство. Тој го поздрави усвојувањето на точките на договорот од Пржино, потсетувајќи дека меѓуетничките односи во земјата се кршливи. ­

– Поради настаните, во прогресот и имплементацијата на договорот од јуни/јули, Еврокомисијата е подготвена да испорача препорака за отворање на преговорите со БЈР Македонија. Ова, како и да е условено со продолжувањето на имплементацијата на договорот од јуни/јули и прогресот во имплементацијата на итните реформски мерки. Ќе го разгледаме сето ова по изборите следната година на пролет, потенцираше Хан.

За квалификацијата „провладини медиуми” во Извештајот за Македонија и како Европската комисија ги најде истите во македонската држава, но не и проопозициските, Јоханес Хан со одговор дека „кога се говори за Владата и влијанието на Владата, тоа е нешто што не се соочуваме само кај земјите од Западен Балкан, најверојатно и во другите европски држави”. Сепак, според еврокомесарот, Владата има можност да финансира медиуми и се работи за транспарентност како се прави тоа, какви услови и консеквенци создава, какви услови и правила за игра, како медиумите се финансирани од јавноста.

– Да се финансира медиум од јавноста, не е погрешно, но е оградено и зависи од правната структура што е транспарентна и помага за слобода на изразување, за слобода на медиуми што гарантира диверзификација и што не е нешто што се прави во спротивност. Затоа моравме да се посветиме на ова и веруваме дека е потребно, одговори Хан.

За податокот дека денешните прогрес­извештаи на ЕК за земјите од процесот на проширување се и за следните четири години, Хан посочи дека намерата е сите земји од Западен Балкан да станат членки на ЕУ во иднина, но дека затоа тој говори за процес за кандидатските земји, што дефинира брзина на соработка и реформски активности. ­

– Одржливите промени оставаат трага што докажува дека се направиле промени, потребни во областите од основните права, но и за економски развој, не само економско опоравување, туку економски развој во сите земји, потенцира Хан.

На крајот, Јоханес Хан посочи дека секоја земја­кандидат има одреден период на преговори и дека тоа е време што е најдобро за промена на ситуацијата во земјата, обезбедувајќи земјата да има реален интерес да се приклучи на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top