Холивудската ѕвезда Сандра Булок и фотографот Брајан Рандал се како вљубени ученици. Папараците ги фотографирале низ улиците на Лос Анџелес, додека двајцата одат кон филмска премиера.
Двајцата изгледаат смирени, опуштени и се држат за раце, токму како вљубени средношколци. Впрочем, се зборува дека Сандра и Брајан веќе живеат заедно.
Гласините за романса меѓу Булок и Рандал се појавија овој август. Истиот месец медиумите дознаа некои детали за нивната врска, поточно дека Булок на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру отишла токму со Брајан Рандал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.