Многумина мислат дека на жените им е важно мажот да биде духовит, добар кон животните, да биде успешен во својата работа и да заработува добро – меѓутоа, дали ова навистина се важните работи за жените кога љубовта е во прашање?
Судејќи по најновото истражување направено во магазинот „Еволуцијата и човековото однесување“, жените од мажите бараат само една работа – и нема баш да ви се допадне кога ќе видите за што станува збор.
Што навистина сакаат жените?
Резултатите на ова истражување покажале дека жените бараат мажи кои ги потсетуваат на нивните браќа.
До овој прилично бизарен податок е дојдено така што од жените барале да гледаат фотографии од мажи и потоа да ги оценат. Тоа што откриле е дека мажите кои добивале значително поголеми оцени се оние кои личеле на нивните браќа.
-Нашето откритие не се однесува на секоја жена на светот, но овој феномен е присутен во доволно голем број случаеви кои не можеме да ги наречеме случајност- – изјави Тамсин Сакстон, лидерот на ова необично истражување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.