Момчето што балканската јавност го запозна со учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, на 21 ноември ќе биде загревање пред големиот концерт на Аца Лукас во„Метрополис арена“. Филип Божиновскиќе настапи со бендот познат по одличните забави – „Фидбек“.
Талентираниот пејач неодамна ја промовираше неговата прва песна на српски јазик „Туго моја“ која моментално е хит на сите радиостаници во Србија, Босна и Херцеговина и во Македонија.
Аца Лукас, пак, минатата недела во Белград во „Комбанк арена“ одржа концерт за паметење каде присуствуваа над 20.000 луѓе.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги купите по цена од 350 денари на „www.kupikartizase.mk“ и на продажните места „Розе Веро 2“ и „Југотон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.