| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил удрил тригодишно дете кое претрчувало улица

Тригодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу пладне се случила на локалниот пат во гостиварското село Балиндол.

– Детето претходно седело на предното седиште од возилото „голф“, кое било запрено, а го управувал неговиот дедо. Во еден момент, тоа ја отворило вратата и трчајќи за да ја премине улицата удрило во „опел“ управуван од 53-годишниот З.Ф, кој бил во движење, информираат од СВР Тетово.

Детето по ударот се здобило со тешки повреди (фрактура на десна подколеница), пренесено е во гостиварската болница и потоа итно било префрлено на скопските клиники за натамошно лекување.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top