Наташа Којиќ нема да присуствувана свадбата на нејзиниот брат Игор и Северина Вучковиќ, која ќе се одржи на 22 ноември во еден престижен белградски хотел, а причината е помалку чудна со оглед дека е во прашање најблиското семејство.
-Наташа има обврски околу работата и не е во можност да дојде. Семејството не е воопшто среќно поради тоа, но Наташа по секоја цена сака да успее во нејзината работа во Холивуд. Северина и Игор планираат да одат кај неа по свадбата на неколку дена – кажал за медиумите извор близок до семејството Којиќ.
Семејството Којиќ и идната снаа ја скратиле листата на гостите на свадбата, па наместо 500 гости, како што првично беше планирано на свадбата ќе има неколку десетици помалку, бидејќи пејачката му забранила на сопругот да ги покани пријателките и некои од роднините. (повеќе за овој скандал кој го предизвика Северина прочитајте тука).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.