„Фејсбук“ на сите свои платформи ја блокираше страницата на малата социјална мрежа Tsu.co.
Статусите ќе ви бидат блокирани не само ако на „Фејсбук“ ја споменете оваа интернет-страница, туку таа е забранета да се пишува и во приватните пораки.
Оваа страница не можете да ја споменете на „Месинџер“, ниту пак на „Инстаграм“, а Фејсбук избришал повеќе од милион објави кои ја споменувале интернет-страницата Tsu.co.
Оттаму образложиле дека линковите за Tsu.com се спам.
Од Tsu.com, пак, тврдат дека овој потег на „Фејсбук“ е нечесен и дека на тој начин с еобидуваат да се ослободат од конкуренцијата.
– Многу малку луѓе знаат за оваа страница. Кога би се популаризирала, би можела да и предизвика финансиска штета на Фејсбук, сметаат стручњаците.
Tsu.com им овозможува на корисниците да ги рекламираат своите производи. Сепак, за разлика од „Фејсбук“ чија цел е профитот од рекламите кои се појавуваат на неговата платформа, Tsu.com зема 11 отсто, на кориснците им дава 45 отсто, а остатокот се дели помеѓу пријателите на корисниците кои ги повикале на социјалната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.