| четврток, 6 декември 2018 |

Ако ја споменете оваа страница на „Фејсбук“, статусите ќе ви бидат блокирани

„Фејсбук“ на сите свои платформи ја блокираше страницата на малата социјална мрежа Tsu.co.

Статусите ќе ви бидат блокирани не само ако на „Фејсбук“ ја споменете оваа интернет-страница, туку таа е забранета да се пишува и во приватните пораки.

Оваа страница не можете да ја споменете на „Месинџер“, ниту пак на „Инстаграм“, а Фејсбук избришал повеќе од милион објави кои ја споменувале интернет-страницата Tsu.co.

Оттаму образложиле дека линковите за Tsu.com се спам.

Од Tsu.com, пак, тврдат дека овој потег на „Фејсбук“ е нечесен и дека на тој начин с еобидуваат да се ослободат од конкуренцијата.

– Многу малку луѓе знаат за оваа страница. Кога би се популаризирала, би можела да и предизвика финансиска штета на Фејсбук, сметаат стручњаците.

Tsu.com им овозможува на корисниците да ги рекламираат своите производи. Сепак, за разлика од „Фејсбук“ чија цел е профитот од рекламите кои се појавуваат на неговата платформа, Tsu.com зема 11 отсто, на кориснците им дава 45 отсто, а остатокот се дели помеѓу пријателите на корисниците кои ги повикале на социјалната мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top