Претседателот на САД, Барак Обама, одржа два одделни телефонски разговори со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Ахмет Давутоглу, со кои разговараше за сириската криза и претстојниот самит на Г-20, соопшти прес-службата на Белата куќа, пренесоа агенциите.
– Лидерите разговараа за ситуацијата во Сирија и потребата од проширување на заедничките напори за зајакнување на умерената сириска опозиција, како и јакнење на притисокот врз Исламската држава.
Тие исто така, разговараа околу начините за создавање на услови за изнаоѓање на решенија за овој конфликт во текот на преговорите, вклучувајќи ја политичката транзиција во Сирија, посочиле во прес службата.
Обама го поздравил турскиот народ за одржаните избори на 1 ноември и на крајот, претседателот ја истакнал потребата од престанок на терористичките напади на Курдската работничка партија во Турција, додале претставници на Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.