ДА, почитуван новинар Бранко Героски добро мислите дека сега е вистинскиот момент да се каже вистината. А таа е дека овој министер Г-дин Никола Тодоров ни дал инвестиција во опрема од 100 милиони евра со која ние докторите и целокупниот медицински персонал како здравствени провајдери ги дијагностицираме и лекуваме пациентите односно спасуваме нешто што е бесценето а тоа е човечкиот живот Е затоа го „бранам“ овој Министер Никола Тодоров.
Ако треба уште 100 писма ќе напишам затоа што тоа е вистината ,милионите евра вложени во здравството се видливи и реалност.
Само да знаете, ние докторите секојдневно во нашите ординации без разлика градски или селски „пишуваме писма„ од кои зависи животот на една човечко битие.
Во еден дел од текстот велите : „и тоа да се случи не во некоја селска амбуланта,…“ и во тој контекст прашуваме дали тоа значи дека тие што работат во селски амбуланти треба да бидат понезаштитени? Дали тоа значи дека не треба подеднакво да се третираат сите здравствени работници, независно дали работат во селска амбуланта или во клиника?
Дали е селска амбуланта болницата Brigham and Women’s Hospital во Бостон, која инаку е водечка болница во рамки на Harvard medical school, и каде што во јануари годинава е убиен кардиохирург од страна на син на почината пациентка која претходно била оперирана од докторот? Сличен случај е регистриран и во реномираната болница Џон Хопкинс во САД.
По логиката на текстот, министерот за здравство во САД требало да даде оставка. Фактите говорат дека министерот не само што не си даде оставка, туку здравствениот систем во Соединетите Американски Држави е еден од најдобро рангираните во светот. Дали според Вас и тоа е неморален и неетички чин?
Се друго што е против оваа вистина директно ги загрозува животите на нашите пациенти кои ние „бранејќи“ го Тодоров ги лекуваме од раѓање, па до детски сипанции, па до модерните болести, па до чумата на 21 век – сообраќајниот трауматизам и на крај геријатриските болести.
Сме дале Хипократова заклетва дека ќе ги лечиме болните, дури и под закана на нашиот живот дека нема да дадеме лек кој ќе му наштети на пациентот или ќе го убие.
Ви се обраќам како долгогодишен доктор кој досега којзнае колку пати извадил зрна од куршум или шрапнели во било кој дел од денот или ноќта, и не само јас туку и цела екипа која го давала професионалниот максимум во тие драматични моменти.
Јас сум повикан да Ви одговорам дека тоа ми е професија и многу добро знам што е смрт и колкави се вредностите на животот на пациентот кога му правиме масажа на срцето, кога го реанимираме, кога го оперираме , кога го запираме крварењето и многу „кога“ ситуации без разлика дали е дете или старец.
Многу добро знам како изгледа испукан човек а уште подобро можам да замислам како се чувствувал колегата кој наместо благодарност што ја оперирал тешко болната пациентка и сакал да и го спаси животот, добил куршуми во неговото тело.
Ве молам немојте да ја користите човековата судбина за дневно политичка агенда. Што е крив Министерот Тодоров што некој психопат носел оружје и пукал во белиот мантил или уште подобро во човештвото? Министерот бил соучесник, на убиецот му го дал пиштолот или пак можеби му наредил???
Ниедна вера не го оправдува ова, но уште во библијата стои: оној кој на друг ќе тргне со оштрицата или нишанот, од истото ќе заврши.
Да навистина е „кутриот министер“ кој не си ги видел своите деца и фамилија за доброто на сите нас. Да, навистина Геровски, постои нешто што се вика срам и чувство на одговорност а тоа е она што Вие го наведувате и вреѓате „празноглавци“ ,глупи вморо-вци“( несакав воопшто да споменувам политика“). Безразлика дали е е пукано во селска амбуланта повторно не би се сложил со Вас дека е можно да се случи. Животот и слободата на човекот се загарантирани со устав уште од римско право и никој не смее да биде виолентен.
Значи ли тоа дека ако на некого не му се допаѓа Вашиот текст дека треба да Ве пука или пак за тоа треба да одговара некое министрсво или газдата на новината за која пишувате?
Ова треба најостро да се осуди од целата јавност за да не се повтори а не да го напаѓате министерот Тодоров и да барате уште едно писмо за да го бранам, него го бранат бројните непроспиени ноќи и делата кои ги оставил зад себе, него го бранат бројните возила на брза помош кои ги обезбеди на целата територија на Р.Македонија за да можат докторот и медицинската сестра да стигнат што побрзо до оној кој се бори за животот до најоддалечените села, него го „брани“ целокупната апаратура која ја набавил, бројните магнетни резонанци или пак апаратурата со која јас секојдневно ги извршувам оперативните интервенции, него го брани државната кардиохирургија, него го бранат бројните современи вакцини кои ги обезбеди за бебињата и уште многу работи има кои го бранат, но секако има и многу БРАНИ,пречки,препреки кои треба да ги надмне како вреден и пред се чесен министер во најосетливото и нај „болното“ министерство.
Очекував од Вас да ме повикате и ПРОЗВЕТЕ да ги повикам докторите од РМ без разлика од која провиненција се да дадат подршка за личната безбедност на докторите и целокупниот медицински персонал додека се на своите работни места и јавно со ВАС ЛИЧНО да ГО ОСУДИМЕ ОВОЈ ГРОЗОМОРЕН ЧИН.
Со Почит
Проф. д-р Виктор Камилоски
Специјалист хирург- Трауматолог
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Героски: Како Груевски не е политичар, кога е пратеник и од тоа живее, тоа му е професија!?
-
Героски: Како може да се гласа за 5, 10 или 20 секунди?
-
Втора вечер на „Мала Италија патува“ посветена на пациентите од Онколошкото одделение од Детската клиника во Скопје
-
Цела ПР машинерија ќе го убедува народот колку е добро да си го смени името