| четврток, 6 декември 2018 |

Јавноста во шок: Откриено името на биолошкиот татко на синот на Мајкл Џексон

Со години се водат полемики за тоа дали починатиот „кралот на попот“ Мајкл Џексон е биолошкиот татко на неговиот син Принц. Неодамна еден „твит“ уште еднаш покрена лавина претпоставки, но сега целата приказна доби неочекувано продолжение.

мајкл џексон

Потсетуваме, Принц Џексон неодамна за прв пат признал дека Мајкл можеби и не е неговиот биолошки татко, но како што кажал без оглед на се Џексон секогаш „ќе биде неговиот татко“.

-Крвта на сојузот е посилна од плодова вода во матката. Мене, мојот брат и мојата сестра не одгледа нашиот татко – напишал Принц.

princ profimedia-0254828681_1000x0

Марк Лестер, најдобриот пријател на познатиот пејач, сега во јавноста изнесе нешто што предизвика тотален шок во јавноста. Лестер тврди дека биолошкиот татко на синот на Џексон е актерот Марлон Брандо.

Мајкл наводно долго време го убедувал славниот актер да му донира сперма, на што тој наводно и пристанал. Лестер наведува и дека Мајкл наводно на иста работа се обидел да ги наговори голем број на неговите блиски пријатели за кои сметал дека би биле добар избор за биолошки татко за неговите деца.

брандо

Тврдењето дека Брандо е таткото на Принц ја поткрепува и со тоа дека Марлон често престојувал на ранчот на Џексон “Неверленд“ но и со фактот дека Принц неверојатно личи на славниот актер.

Лестер нагласил и дека тој е таткото на ќерката на Мајкл и дека тоа може да го докаже „кога таа е наполни 18 и само доколку таа тоа го посака“.

marlon-profimedia-0212149091_1000x0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top