| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Јаглерод диоксидот и метанот достигнаа рекордно ниво во светот

jaglen

Нивото на јаглерод диоксидот и метанот, двата најштетини гасови што го предизвиикуваат ефектот на стаклена градина, минатата година постигнаа рекордни размери што придонесе за зголемувањето на глобалното затоплување, соопшти денеска Агенцијата за климатски промени на ОН.

Новото на јаглерод диоксид порасна на речиси 398 честици на милион (ппм) во споредба со 396 ппм во 2013 година, наведува Светската метеоролошка организација (ВМО).

Нивото на јаглерод диоксид е променливо во текот на целата година. Така во март оваа година ја надмина највисоката граница од 400 ппм, а се проценува дека во 2016 година оваа бројка ќе во просечни рамки.

Користењето на бензините, нафтата и гасот за производство на енергија, придонесе новото на јаглерод диоксид во светот сега да биде за 143 проценти поголемо од периодот пред индустриската револуција. Научниците тврдат дека тој е главната причина за глобалното затоплување.

Новото на метанот достигна нов рекорт од 1.833 честици во милијарда во 2014 година. Емисијата на метанот во 40 проценти од случаите доаѓа од природни извори, а во 60 од човечките активности, како што се сточарството, производството на ориз и вадење на фосилно гориво.

– Секоја година прогласувае рекорд на порастот на концетрацијата на штетни гасови – посочи генералниот секретар на ВМО, Мајк Џерод.

Ние мораме да ги намалиме емисиите на штетни гасови, со што би го спречиле порастот на температурите, додаде Џерод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top