| четврток, 6 декември 2018 |

Одбранете се од вируси, нов рецепт со ѓумбир

Ѓумбирот е природен лек за намалување на триглицеридите и на лошиот холестерол во крвта. Свежиот и сушениот ѓумбир се сосема различни по својствата, како да станува збор за две различни билки. Свежиот корен се користи за зголемено потење и исфрлање на токсините од организмот, а сушениот повеќе се користи против дијареа, ревматизам и кашлица.

Потребни состојки:

1 лажичка суво, иситнето нане

На врв од лажичката ѓумбир во прав

Сок од половина лимон

1 лажичка мед

200 мл вода

Во 200 мл зовриена вода додајте го нането и оставете го да отстои 5 минути. Процедете го, додајте го ѓумбирот, лимоновиот сок и една лажичка мед.

Чајот пијте го пред спиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top