Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија го прошири семејството на добитници за уште еден редовен играч. Овој пат станува збор за добитник на 500.000 денари од инстант лотаријата „Детелинка“.
М.Д. е редовен играч на инстант лотарија и секојдневно на промотивно-продажното среќно место во скопски „Ситимол“, купува различни инстанти во вкупен износ од 120 денари. Овој пат дел од нив нуделе помали парични добивки и таа повторно ги вложила во инстант лозови. Инстант лозот „Детелинка“. се покажал најсреќен за неа , бидејќи под изгребаната детелинка со четири листа се криела добивка од 500.000 денари. Пресреќна дојде во просториите на Државна лотарија на Македонија и ни откри дека дел од добиените средства ќе ги употреби за да купи нов, модерен мобилен телефон .
М.Д . од Скопје е уште еден постојан играч на инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија, кому упорноста му се исплатеше со добивка од 500.000 денари.
Инаку, инстант лотаријата „Детелинка“. веќе во продажба ја нуди својата втора серија која носи пет вакви премии од 500.000 денари, покрај помалите 10 по 100.000 денари, 100 по 10.000 денари . Затоа играјте и очекувајте ја вашата добивка, бидејќи само КОЈ ИГРА , ТОЈ ДОБИВА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.