| четврток, 6 декември 2018 |

Српски медиуми: Македонското девојче ги исполни срцата на Коларац

Karolina-Goceva-620x350

Српските медиуми се полни воодушевување и пофалби по концертот на македонската пејачка Каролина Гочева, која саботата во преполната сала Коларац, за првпат пред белградската публика се претстави со својот музички проект „Македонско девојче“.

1

Во двочасовниот концерт во интимната атмосфера во Коларац, убавата пејачка ја воодушевила публиката, со соите раскошни интерпретации на најубавите песни од албумот „Македонско девојче 2“. Концертот го отворила со нумерата „Скопска магла“, по која аплаузите на престанувале. Меѓу песните кои се темелат на корените на традиционалната македонска музика, особено емотивен момент бил изведбата на песната „Кој да ми запее“ која Каролина ја извела на бис, пишуваат тамошните медиуми.

2

– Многу сум среќна што имав прилика да пеам пред белградската публика. Презадоволна сум од реакциите на песните од овој проект, на кој започнав да работам во 2008 година. Се надевам дека отсега почесто ќе се среќавам со сјајната белградска публика – вели Каролина.

Харизматичната пејачка настапи со бенд специјално оформен за овој проект, а како специјален гостин настапил виртуозот на труба Џамбо Агушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top