СВР Струмица, поднесе кривична пријава за Д.С. (28) од Прилеп, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело убиство.
МВР денеска соопшти дека пријавениот и неговата девојка П.Ј. дошле во Радовиш на гости кај Јашар Р., кој му бил братучед на пријавениот. Иако планирале да престојуваат во Радовиш само еден ден, решиле да останат бидејќи биле сведоци на караница и на физичка пресметка меѓу сега починатиот Јашар Р. и неговата сопруга, по што таа си заминала од дома.
На 2 ноември годинава околу 21 часот, пријавениот излегол до продавница, а за тоа време Јашар Р. ѝ изјавил љубов на П.Ј., но бидејќи таа го одбила, ја удрил во пределот на главата. Пријавениот враќајќи се од продавница ја слушнал расправијата меѓу Јашар Р. и П.Ј. по што почнал расправија со сега починатиот, која подоцна преминала во физичка пресметка.
– Кога настанала физичката пресметка П.Ј. отишла во ходникот бидејки пријавениот ѝ кажал да се поттргне и во еден момент видела како Јашар Р. паднал на земја додека пријавениот со клоци ударал по него, а потоа и го притиснал со нога на вратот. По настанот Д.С. и П.Ј. излегле од куќата и пријавениот ја заклучил влезната врата и заминале за Прилеп, се појаснува во соопштението од МВР.
По пријавување на настанот од страна на полициски службеници од СВР Струмица, преземени се сеопфатни мерки и активности за расветлување на кривично правниот настан. Пријавениот е пронајден и лишен од слобода и по целосно расчистување на настанот предаден на јавниот обвинител.
На предлог на јавниот обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Сашо Мијалков останува во притвор
-
Притвор од 30 дена за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги