| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Шишка Делукс“ доби награда од публиката на фестивал во Германија

Филмот „Шишка Делукс“, словенечко-македонско-чешка копродукција во режија на Јан Цвитковиќ на 25. издание на филмскиот фестивал Котбус (Германија) добил наградата од публиката, соопштија од „Кино око“.

G15_SISKA-DELUXE1_600-366x244

Филмот се снимаше во Словенија, Македонија и во Италија. Главните улоги ги толкуваат: Давид Фурлан, Жига Фодрансперг, Марко Миладиновиќ и Петар Арсовски.

Македонската авторска екипа ја сочинуваат Иван Бартлинг – сценограф, Жаклина Крстевска – костимограф и Горан Игњатоски – шминкер/маскер.

Македонски копродуцент е Роберт Насков преку „Кино око“.

Филмот „Шишка Делукс“ досега ги руши сите рекорди на гледаност во Словенија. Македонската премиера ќе се одржи 21 ноември на затворањето на годишниот фестивал „Синедејс“. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top