Формирано е ново здружение за заштита на авторски музички права „СОКОМ-МАП“. Здружението е формирано со цел да се подобри статусот на авторите и заштитата на нивните права, откако голем број членови незадоволни од работата на ЗАМП го откажаа своето членство и ги напуштија органите.
Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ е еден од основачите на новата организација и ќе ги обезбеди сите техничко-просторни услови за непречена работа на истата. Во моментот СОКОМ-МАП е отворен за пристапување на нови членови – автори на секаков вид на музика, а во текот на наредната недела ќе ги формира своите органи и ќе поднесе барање за лиценца до Министерството за култура.
Авторите се убедени дека со постоењето на две или повеќе организации, како во голем број држави низ светот, заштитата на авторските права значително ќе се унапреди, но таа ќе треба да води и културна политика и позитивно да се влијае врз крајните корисници на авторските дела, а со тоа и врз целокупната домашна музичка сцена и медиумски третман на домашното творештво.
Ги повикуваме сите автори кои се заинтересирани да пристапат кон новата организација за колективно управување со авторските права и да го дадат својот придонес и активно да учествуваат во работата на СОКОМ-МАП. СОКОМ-МАП ќе биде сместено во просториите на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прво ЦД издание на македонскиот композитор Вулнет Таири
-
СОКОМ и годинава учесник на Генералното собрание на Европската алијанса на композитори
-
Формирано Македонско здружение за кардијална, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија
-
Наградените композитори се огласија: Сеуште не сме добиле решенија и договори , а министерот за култура цели 10 месеци одбива средба со СОКОМ